Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денес го предупреди Косово дека ултиматумот за спорот со границата е лошо за билатералните односи.Црвенковски изјави дека инсистирањето на косовските власти Македонија прво да ја признае новата балканска држава, а потоа да се разговара за граничните прашања означува „лош почеток на билатералните односи“, јави АП. Тој го изјави ова по разговорите со неговиот бугарски колега Георги Прванов.Црвенковски рече дека ќе бара начини да ги заобиколи косовските власти за тоа прашање и наместо тоа ќе апелира до управата на Обединетите Нации во поранешната српска покраина.„На Владата и предложив да не им се обраќа на косовските власти, туку на меѓународните институции, кои - како што изгледа - ќе останат таму подолго време“, рече Црвенковски.Косово никогаш не ја призна спогодбата за границата потпишана меѓу Македонија и Србија во 2001 година.
Информация на вестник "Макфакс"
четвъртък, 6 март 2008 г.
Абонамент за:
Коментари за публикацията (Atom)
Няма коментари:
Публикуване на коментар